Синот на Вучиќ заболен од коронавирус

618

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави дека неговиот син Данило има коронавирус и дека е сместен на Инфективната клиника во Белград, објави „РТС“.

– Кога почна сè, мојот Данило ми рече дека откажувањето не е опција. Мојот првенец е заразен со коронавирус, а клиничката слика му е таква за да биде примен на Инфективната клиника. Сине, ќе го победиш ти тоа. Те сака тато, сите те сакаме – напиша Вучиќ.

Српскиот претседател неодамна изјави дека неговиот син Данило и неговата ќерка Милица волонтираат откако е прогласена епидемијата. На една прес- конференција кажа дека неговите деца им носат храна и основни намирници на пензионери.