„Сингапур ерлајнс“ се надева дека ќе биде првата „целосно вакцинирана авиокомпанија“

102

Националниот авиопревозник во Сингапур се надева дека ќе стане првата авиокомпанија во светот што ќе ги вакцинира сите свои членови на екипажот против ковид-19.

„Сингапур ерлајнс„ за „Си-ен-ен Травел“ потврди дека на сите нивни членови на екипажот, пилотите, агентите на влезовите, стјуардесите, и секој чија работа бара контакт со јавноста, им е понудена бесплатна вакцина против коронавирус од владата на Сингапур. Државата ја купила вакцината на „Фајзер“, за која се прима во две дози.

Според авиокомпанијата 5.200 вработени во „Сингапур ерлајнс“ веќе се пријавиле за вакцинирање.