СЗО ќе уплати помош за Северна Кореја за спречување на коронавирусот

47

Светската здравствена организација ќе упати 900.000 долари за поддршка на Северна Кореја, поради сузбивање на епидемијата на коронавирусот.

Северна Кореја соопшти дека во земјата се уште нема заразени од новиот вирус, но набљудувачите тврдат дека тоа е малку веројатно, пренесува „Ројтерс“.

Во Северна Кореја се на сила мерките за борба против вирусот, вклучително затворање на границите и воведување карантин за спречување на епидемијата.