Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, вели дека пандемијата на коронавирусот се разгорува и дека бројот на заболени во светот се зголемува веќе девет недели, а бројот на смртни случаи расте шест недели во низа.

– Само минатата недела во светот беше регистриран ист број новозаразени лица како во првите пет месеци од пандемијата – предупреди Гебрејсус.

Тој исто така изрази жалење за ситуацијата во Индија и потврди дека организацијата ѝ испратила итна неопходна помош на таа земја вклучувајќи илјадници преносни респиратори.

Тедрос рече дека СЗО испратила повеќе од 2.000 свои луѓе во Индија да помогнат во борбата против смртоносниот бран на епидемијата, како и монтажни полски болници и лабораториски материјали.