СЗО: Нема чудотворен лек за ковид-19, вакцината би можела да штити неколку месеци

383

Во време кога експертите од целиот свет работат на пронаоѓање вакцина, кога некои од нив се во последната фаза на тестирање, од Светската здравствена организација доаѓаат шокантни вести.

– Нема чудотворен лек за коронавирусот, а можеби и никогаш нема да го има – ја предупреди јавноста генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус.

Како што пренесува „Ројтерс“, тој објаснил дека постои голема загриженост дека нема да имаме вакцина што функционира, односно дека би можеле да ја имаме онаа што би обезбедила заштита само за неколку месеци, а не подолго.

– Неколку вакцини сега се во третата фаза на тестирање и искрено се надеваме дека ќе имаме вакцини кои ќе можат да го спречат заразувањето на луѓето. Сепак, засега немаме магичен лек – објасни првиот човек на СЗО.

Тој препорача понатамошна секојдневна борба против ковид-19, носење маски, одржување на растојание, како и сите претходно обелоденети мерки.

– Некои земји се борат со овој вирус со помал, а некои со поголем успех. Пред нас е долга борба – заврши Гебрејесус.