СЗО: Младите сега се најголемите преносители на заразата

105

Порастот на бројот на луѓе кои страдаат од ковид-19 во многу држави е предизвикан од тоа што младите не водат сметка за заштитните мерки, рече директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус .

Младите луѓе честопати не носат маски, а го игнорираат правилото да се држат на оддалеченост од другите луѓе, особено кога се во барови, ноќни клубови и на плажите, пренесува Гласот на Америка.

– Повеќето млади имаат поблаги симптоми, но не сите – вели епидемиологот на СЗО, Марија ван Керкова, истакнувајќи дека ноќните клубови се жаришта на заразата.

Асимптоматските млади луѓе го пренесуваат вирусот на постарите луѓе, заклучуваат од СЗО.


СЗО ја продолжи глобалната подготвеност поради пандемија за уште три месеци

Светската здравствена организација (СЗО) ја продолжи состојбата на глобална подготвеност за уште три месеци, како резултат на пандемија на коронарнавирус, објавено е по седницата на комисијата за итни прашања на СЗО.

Во изјавата се посочува дека е донесена едногласна одлука за проширување на состојбата за глобалната подготвеност.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус  ја прифати препораката на комитетот и ова тело најави нова проценка на состојбата за три месеци.

– Пандемијата го погодува човештвото еднаш во 100 години и ефектите ќе се почувствуваат во наредните децении – посочи Гебрејзус.