Москва ги затвора училиштата на две недели

39

Москва од следниот понеделник ќе ги затвори училиштата на две недели поради брзиот раст на бројот на заразени со коронавирус.

Русија во последните 24 часа евидентирала повеќе од 8.200 нови случаи, со што продолжи да расте бројот на новозаболени, што е најголем во последните три месеци.

Затворањето на училиштата од 5 до 18 октомври се смета за празник за учениците затоа што училишните часови нема да се префрлат на интернет, како што беше случајот за време на последниот карантин, објави канцеларијата на градоначалникот.