Светот влегува во ерата на „вакцина-дипломатијата“

210

Кога станува збор за вакцините, најдобрата одлука за секоја држава ќе зависи од одлуките и постапките на други држави. Затоа политиките за вакцините не смеат и не треба да бидат правени во изолација, пишува Тајлер Ковен во неговата колумна за „Блумберг“.

Како пример на новата ера на „вакцина-дипломатијата“ може да послужи неодамнешното одобрување на вакцината на кинеската компанија „Синофарм“ од страна на Обединетите Арапски Емирати. Вакцината беше тестирана шест недели во ОАЕ и сега се одлучува за итна употреба. Со раното одобрување на вакцината, власта во ОАЕ делува ефикасна и подготвена. Тоа исто така би можело да ја подобри нејзината положба во регионот, бидејќи вакцините се важен капитал.

Овие придобивки од раното одобрување важат и во пошироки размери. Русија одобри вакцина минатиот месец, тврдејќи дека е на пат кон обезбедување на широка дистрибуција наесен. А Кина отиде најдалеку, давајќи ја вакцината на одбрани групи во изминатите неколку месеци.

Идеално, владата би сакала да ја промовира објавата на вакцина додека бавно ја спроведува дистрибуцијата. На тој начин, ако нешто не е во ред, таа може да ја запре дистрибуцијата пред да дојде до несакани ефекти кај оние што ќе ја примат. Во суштина, државите кои ја одобрија вакцината спроведуваат одредена верзија на третата фаза на тестирање, со помал број на контроли, но со поголема транспарентност. Засега не е јасно колкава предност има Русија во однос на другите држави.

Американска стратегија би можело да биде поттикнувањето на рано одобрување за дистрибуција и тестираше на вакцините во пошироки размери, со што информациите би биле достапни. Земајќи ги предвид односите, ова би било полесно да се постигне со ОАЕ, отколку со Кина или Русија. Ако една од тие вакцини се покаже како добра, САД имаат ресурси да ја откупат или да развијат сопствена верзија. Но, американските одлуки за брзината на одобрување ќе зависат од она што го прават другите држави.

Во „вакцина-дипломатијата“ тензии би можеле да предизвикаат различните интереси интереси на богатите и на сиромашните држави. Вообичаено, колку побогата е државата, толку е помала склоноста кон изложување на сопственото население на ризици, а исто така и помала е потребата од брзање. На пример, Швајцарија би можела да ја чека вакцината, додека економските услови во Индија се толку тешки, така што вакцината и е потребна колку што е можно побргу.

Богатите држави, сепак, се тие што одлучуваат кога станува збор за вакцините. САД се технолошки пред Кина, но кинеските приоритети во поголема мера усогласени со оние на другите држави низ светот. Можеби најдоброто за светот е ако САД бидат подготвени да преземат повеќе ризици и експеримети за вакцините, заклучува авторот.