Свадбена прослава придонела за ново ширење на заразата во Иран

146

Свадбена прослава придонела за ново ширење на заразата со коронавирус во Иран, рекол претседателот Хасан Рохани, но нагласил дека земјата нема други можности освен да ја остави својата економија отворена наспроти предупредувањата за втор бран на епидемијата.

Иран, кој од средината на април постепено ги ублажува мерките на карантин, изминатите денови информира за нагло дневно зголемување на нови случаи. Вкупната бројка од 3.574 нови случаи во четвртокот била највисока од февруари, кога е објавена епидемијата.

– На едно место бевме сведоци за врвот на оваа епидемија, чиј извор бил венчавка, што им предизвикало проблеми на луѓето, здравствените работници и загуби за економијата и здравствениот систем на земјата – рекол Рохани на состанокот на националниот одбор за борба против епидемајата во Техеран. Тој не кажал каде и кога се одвивала свадбата.

Вкупниот број на заболени од коронавирус во Иран е 169.425, а на починати 8.209. Здравствените власти велат дека 70 проценти од новите случаи во Техеран се меѓу оние кои изминатите денови патувале надвор од главниот град.