Саудиска Арабија го укина полицискиот час по три месеци

37

Жителите на Саудиска Арабија излегоа од своите домови првпат по три месеци да го прослават крајот на полицискиот час воведен заради епидемијата на коронавирус.

Саудиска Арабија воведе строги мерки во март, вклучително и 24-часовен полициски час во повеќето градови, при што на повеќето луѓе им беше дозволено да одат само во продавница за храна или да ги напуштат своите домови од медицински причини, пренесе „Ројтерс“.

Во земјата се регистрирани повеќе од 157.000 случаи на коронавирус и 1.267 починати. Постепеното олеснување на ограничувањата поврзани со движењето и деловните активности започна во мај, а полицискиот час вчера беше целосно укинат.

Некои рестриктивни мерки остануваат на сила, вклучително и забраната за собирање на повеќе од 50 лица.

Границите сè уште се затворени за меѓународни патувања, а суспензијата на исламскиот аџилак останува во сила.