САД трет ден со рекордни бројки на новозаразени од коронавирус

179

САД веќе трет ден бележи рекорден број на новозаболени од ковид-19, откако само во изминатите 24 часа беа регистрирани уште 69.000 лица позитивни на вирусот.

Во девет американски сојузни држави – Алјаска, Џорџија, Ајдахо, Ајова, Лујзијана, Монтана, Охајо, Јута и Висконсин пријавени се рекорден број на заразени лица во еден ден.

Досега во САД инфицирани се над 3,1 милиони луѓе.