Руски свештеник е отпуштен од црквата зашто го негирал коронавирусот

106

Руската православна црква отпушти еден монах кој ја негирал пандемијата на коронавирусот и кој им се спротивставил на мерките на Кремљ и ја презел контролата врз манастирот.

Црковното собрание во Екатеринбург донесе пресуда да се отпушти отецот Сергеј, кој привлече внимание во земјата повикувајќи ги верниците да не го почитуваат црковното раководство и да се спротивстават на затворањето на црквите за време на пандемијата.

Монахот не се појавил на седницата и ја отфрлил пресудата.

Црквата му забранила на монахот да води служба во мај, но тој продолжил да проповеда и минатиот месец ја презел власта над манастирот над Екатиринбург, кој е основан пред многу години.

Отецот Срегеј пандемијата на коронавирусот ја прогласил за непојна и рекол дека вакцините против ковид-19 се дел од глобалниот заговор за контрола на масата народ со помош на чипови.