Руската вакцина против коронавирусот ќе се тестира на 50 војници

96

Министерството за одбрана на Русија избра 50 доброволци од редовите на војската за тестирање на вакцината против коронавирусот, јави новинската агенција ТАСС.

Министерството соопшти дека 50 војници, меѓу кои и пет жени, биле избрани бидејќи изразиле желба да учествуваат во тестирање за безбедноста и ефикасноста на вакцината против коронавирус.

Во Русија, во последните 24 часа од ковид-19 починаа уште 182 луѓе, така што вкупната бројка на смртни случаи сега изнесува 5.037 лица.