Русија е подготвена за производство на вакцината и во други земји

77

Рускиот претседател Владимир Путин вели дека Русија е подготвена да започне со производство на својата вакцина против коронавирус на производствените линии на странски компании во нивните земји.

По средбата со руските индустриски синдикати, Путин истакна дека тоа е многу важно, но исто така и дека Русија има опција само да ја продава вакцината, пренесува „Тасс“.

– Ако нашите партнери овозможат услови во нивните земји, ние лесно ќе воспоставиме производство на нашата вакцина – рече рускиот претседател.

Сепак, посочи тој, прво мора да се обезбеди потребната количина на лекови за рускиот пазар.

– Вакцинацијата во Русија е цел број еден. Најважната задача е да се обезбедат можности за производство на поголем број вакцини – рече Путин.