Русија е подготвена да им помогне на САД во борбата против коронавирусот

221

Русија е подготвена ако е потребно да им помогне на САД во борбата против коронавирусот, изјави денеска рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов.

– Шпекулациите за неуспехот на нашиот дијагностички систем се неприфатливи. Особено што ги коментираат лица кои се претставуваат како експерти во здравството. Нашите тестови се покажаа со висок квалитет во Кина и Иран и сега се пренесени во Италија – рекол Антонов, пренесе ТАСС.

Рускиот амбасадор истакнал дека пандемијата на коронавирусот претставува глобална закана која бара заеднички одговор.