Рекордни бројки на новозаразени во Јапонија и на Филипините

48

Рекордни бројки на новозаразени се регистрирани во главниот град на Јапонија, Токио и на Филипините.

Во Јапонија вчера биле регистрирани 1.540 нови случаи на коронавирусот, од кои 472 во Токио, што е најголемото дневно зголемување досега во овој град.

Од почетокот на епидемијата во Јапонија се потврдени вкупно 37.401 случаи на ковид-19, а досега починаа 1.024 лица.

На Филипините се регистрирани 5.032 нови случаи на коронавирус, што е најголемо дневно зголемување на бројот на заразени лица во земјата. Досега заболеле 103.185, а починале 2.059.