Путин: Се работи и на трета руска вакцина

104

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека руските вакцини против ковид-19 се безбедни и ефикасни.

– Најважно е дека вакцината мора да биде безбедна и ефикасна. Двете од овие барања се исполнети и во двата случаја – рече Путин и додаде дека на пат е и трета.

Рускиот претседател истакна дека очекува масовната вакцинација во Русија да започне до крајот на 2020 година, пренесе агенцијата „Тасс“.

– Вакцината ќе биде доставена до сите региони. Се надевам дека ќе можеме да започнеме масовна вакцинација до крајот на годинава – рече тој на инвестицискиот форум „Русија повикува“.

Првата земја што ја добила руската вакцина е Белорусија, додаде Путин.