Првите резултати од тестирањето на лековите се очекуваат за две недели

136

Светската здравствена организација ги очекува во следните две недели првичните резултати од клиничкото тестирање на лекови кои би можеле да бидат ефективни во лекувањето на пациенти со ковид-19, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Извршниот директор на СЗО, Мајк Рајан, на прес-конференцијата рече дека не би било паметно да се предвиди кога вакцината против ковид-19 би можела да биде подготвена за масовна дистрибуција.