По повеќе од 100 дена, коронавирусот повторно се појави во Нов Зеланд

140

По 102 дена, коронавирусот повторно се појави во Нов Зеланд и градот Окленд повторно е ставен во карантин, пренесува „Блумберг“.

Коронавирусот се појави во едно домаќинство, и не е познато како здравствените власти сега ги следат контактите за да спречат ширење на инфекцијата, рече премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн.

– Заедно веќе го победивме вирусот. Сега можеме повторно да го направиме тоа – рече Ардерн.

Во Окленд е прогласена вонредна состојба од трет степен, што значи дека на луѓето им се советува да не излегуваат надвор и да избегнуваат контакт со другите. Во остатокот од земјата е прогласена вонредна состојба од втор степен што значи дека луѓето треба да се придржуваат кон мерките на пропишана оддалеченост и дека е ограничен бројот за собирање на јавни места. Оваа одредба ќе важи три дена.