Пораст на бројот на жртви во Велика Британија

65

Велика Британија пријавила 439 починати од коронавирус во изминатите 24 часа, додека регистрирани се 3.802 нови случаи.

Вкупниот број на починати во Британија сега изнесува 5.373, додека бројот на заразени надмина 50.000 луѓе.

Англија пријавила 403 нови смртни случаи од коронавирус, додека пак во Велс и Шкотска во изминатите 24 часа бројот се зголемил за 27.

Вкупниот број на жртви во Англија сега изнесува 4.897, додека во Велс 193, а во Шкотска 222 починати од ковид-19, пренесува „Скај“.

Пациентите кои починале во Англија имале меѓу 35 и 106 години, а 15 од нив немале хронични болести пред заразата.

Жариште на заразата и натаму е Лондон, кој брои 129 жртви од вкупно 403, а следат регионите Мидлендс со 75 починати и Норт Ист и Јоркшир со 67 жртви.