Помпео: Никакви санкции не ја спречуваат помошта за ковид-19 за Иран

31

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, рече дека низа санкции од САД не ја запираат хуманитарната помош да стигне до Техеран иако ОН и групите за човекови права велат дека казните го уништуваат здравствениот систем во Иран, пренесува РТ.

– Слушнав дека луѓето зборуваат за санкциите. Светот треба да знае дека нема санкции што спречуваат хуманитарна помош, медицински материјали, фармацевтски производи да одат во Иран – рече Помпео на брифингот во Белата куќа во средата, додавајќи дека САД понудиле да испратат помош, но Иран одбил.

Техеран во неколку наврати ја критикуваше кампањата на притисок во САД – што ги прави невозможни банкарските трансакции неопходни за набавка на витални резерви од странство – сметајќи ја за историска срам и економски тероризам што само ги комплицира напорите за ограничување на брзорастечката епидемија.

Негирањето на Помпео доаѓа откако Стејт департментот протестираше против барањето на Иран за заем од 5 милијарди американски долари за итни случаи од ММФ за борба против коронавирусот, кој досега зарази над 64.000 Иранци и однесе речиси 4.000 животи.

Откако шефот на иранската Централна банка, Абдолнасер Хемати, ги побара итно потребните средства, Фоги Ботом одговори со тврдење дека Вашингтон е против доделување на каков било заем за Иран и дека земјата има доволно ресурси самостојно да се бори против вирусот.

Дел од европските сојузници на Вашингтон ги заобиколија санкциите и испратија медицински материјали во Иран неделава. Прашан за ова, американскиот претседател Доналд Трамп рече дека испораките не му пречат, но отфрли укинување или ублажувањет на санкциите.

ОН и другите хуманитарни тела во неколку наврати го повикуваа Вашингтон да ги ублажи санкциите во услови на здравствена криза, при што комесарот за човекови права на ОН, Мишел Башелет предупреди дека ги спречуваат медицинските напори и може да доведат до колапс на здравствениот систем во Иран.

Минатата недела, група од 24 поранешни високи дипломати – вклучувајќи четворица пензионирани шефови на НАТО – исто така ги повикаа САД да ги олеснат санкциите кон Иран, тврдејќи дека може потенцијално да спасат стотици илјади животи таму.

– Максималниот притисок на САД преку санкции врз Иран ги нарушува перформансите на иранскиот здравствен систем во време кога пандемијата во Иран влегува во втор месец – се вели во изјавата на европските и американските дипломати.