Пејачката Пинк објави дека има коронавирус

357

Пејачката Пинк објави дека е позитивна на коронавирус. Таа вели дека се чувствува добро и дека заедно со нејзиниот тригодишен син ги почувствувале симптомите пред две недели, за потоа да се тестира.

Пејачката истакна дека членовите на нејзиното семејство веќе се во домашна изолација и се негативни на ковид-19.
– Не е добро тоа што тестовите не се пристапни за сите, а оваа болест е сериозна и ги напаѓа сите и млади и стари, здрави и болни, богати и сиромашни. Затоа тестовите мораат да им бидат достапни на пошироката маса – напиша Пинк.

Пејачката најави дека ќе донира по 500.000 долари на две служби за итни ситуации.