Петро Порошенко објави дека е позитивен на ковид-19

82

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко на својот профил на Фејсбук објави дека е заразен со коронавирус.

Тој вели дека поради тоа ќе остане дома да се лекува и дека се надева на брзо закрепнување. Тој, исто, така ги повика сите Украинци да се грижат за себе.

Порошенко (55) беше претседател на Украина од 2014 до 2019 година.