Од Словенија и Турција ќе допатуваат 69 македонски државјани кои ќе бидат сместени во карантин

27

Министерството за надворешни работи информира дека организирале враќање на 69 македонски државјани од Словенија и Турција, кои ќе бидат сместени во задолжителен карантин, согласно мерките за заштита од пандемијата.

Во соработка со словенечките институции, утрово организирано е враќање на 42 македонски граѓани, со 16 автомобили.

Истовремено, во текот на денешниот ден е организиран и автобуски превоз за враќање на 27 македонски граѓани од Истанбул.

Министерството за надворешни работи упатува благодарност кон словенечките, хрватските, српските, турските и бугарските власти за непречениот транзит и солидарноста.