Од денес полициски час во Чешка

48

Во Чешка ќе стапи на сила полициски час денес од 21 до 5 часот наутро, како дел од заострувањето на мерките поради ширење на коронавирусот.

Вчера, премиерот Андреј Бабиш исто така најави дека владата ќе побара од парламентот да ги продолжи вонредните овластувања за уште еден месец, односно до 3 декември, додека се обидува да го запре наглото зголемување на бројот на заболени од коронавирус.

Наредбата за вонредна состојба на чешката влада истекува на 3 ноември, потсетува „Ројтерс“.

Чешка со денови ги соборува сите рекорди по бројот на новоинфицирани лица, а овие бројки се над 10 000 на ден и оваа недела. Според последните информации, Чешка денес пријавила над 15.000 нови инфекции.

Чешка побара и веќе почна да добива респираторни машини од резервите на Европската Унија и НАТО и од земјите членки, вклучувајќи ги и Италија, Романија, Австрија или Унгарија, 1.500 респиратори им вети Нов Зеланд, а 500 Германија.