Нови 4.368 случаи на коронавирус во Велика Британија

42

Бројот на лица заразени од коронавирус во Велика Британија е зголемен за 4.368 во последните 24 часа, пренесува „Ројтерс“.

Во Велика Британија од почетокот на пандемијата ковид-19 е потврден кај повеќе од 398.000 луѓе, а речиси 42.000 пациенти починале.

Обединетото Кралство забележа значително зголемување на бројот на нови случаи во текот на изминатите неколку недели.