Нови мерки поради коронавирусот во Мадрид

105

Регионалната влада во Мадрид ја прошири блокадата на 45 области во регионот, што ќе стапи на сила в понеделник.

Блокадата ќе зафати повеќе од еден милион луѓе и ќе се воведе за да се намали бројот на нови инфекции со коронавирус, соопштија локалните власти, објави Ројтерс.

Во регионот на Мадрид, кој е жариште на коронавирус, регистрирани се повеќе од една третина од хоспитализираните во земјата.