Новиот закон ги „ослободи“ пациентите со ковид-19 во Романија

393

Стотици пациенти заразени со ковид-19 ги напуштија болниците во Романија по судската одлука против задолжително хоспитализирање. Ова уследи откако парламентот одлучи да донесе нов закон со кој се наметнува изолација, во време на пораст на инфекции. Законот им дозволува на оние во карантин да ја оспорат одлуката на суд.

– Како резултат на одлуката, 624 пациенти кои кои се позитивни на коронавирус, побарале да ги напуштат болниците и сега ризикуваат да ја пренесат болеста во нивните заедници. Покрај тоа, над половина од 50.000 лица подложени на задолжителна самоизолација по враќањето од странство ги напуштија своите домови, наспроти препораките на лекарите – истакна министерот за здравство Нелу Татару.

Претходно, Уставниот суд пресуди дека хоспитализирањето и ставањето на лица без или само со благи симптоми во карантин ги ​​крши нивните основни права и оти тоа не може да се направи само со владин декрет.