Најстариот пациент во Италија го победи коронавирусот

232

Еден од најстарите пациенти во Италија заразен со коронавирус, маж на возраст од 101 година се излекува од вирусот, објавија италијанските медиуми, по низа извештаи за високиот степен на смртност од висурот Ковид-19 кај возрасната популација.

Информацијата за неговото закрепнување го пренесе заменичката на градоначалникот на италијанскиот град Римини, Глорија Лиси, нагласувајќи дека 101-годишниот пациент успеал да ја победи болеста и синоќа ја напуштил болницата заминувајќи кај своето семејство.

Во Италија, каде вирусот зарази повеќе од 60.000, се очекува оваа недела да биде клучна за резултатите од строгите мерки, што ги презеде владата.