Најголем дневен раст во Русија – 500 заразени за 24 часа

54

Во Русија, бројот на заразени лица во изминатите 24 часа се зголеми за 500, што е најголем пораст за еден ден во оваа земја.

Инфицирани се вкупно 2.337 лица, а епидемијата во Русија започна пред седумнаесет дена кога беше пријавен првиот случај на инфекција, пренесуваат светските агенции.

Досега, осумнаесет лица заразени со вирусот ковид-19 починале во Русија и 121 се опоравиле.

Повеќе од 201.000 луѓе во Русија се под медицински надзор за коронавирус, соопштија денеска руските здравствени власти.