Научник од Оксфорд: Вакцината е подготвена, создава имунолошки одговор

147

Хрватскиот научник Кристијан Рамадан, професор по молекуларна медицина од Оксфорд, откри дека во првата и втората фаза се покажало дека вакцината против корона не е штетна и создава имунолошки одговор.

– Во фаза три, бројот на луѓе е проширен на 30.000 со оксфордската вакцина – изјави Рамадан за ХРТ.

Тој изјави дека и постарите луѓе ќе бидат заштитени.

„Сега чекаме податоци за ефикасноста на вакцината во спречување на заболување од ковид. Постојат 2 параметри што сакаат да ги постигнат со вакцината, а тоа е да заштитат од најтешките форми на болеста и од морталитет”, коментира Рамадан, додавајќи дека фазата 3 покажала дека и постарите луѓе даваат имунолошки одговор на вакцината.

– Според сите параметри, вакцината најверојатно ќе ја заштити постарата популација од тешки инфекции – коментира тој.

Тој додаде дека вакцината првично нема да биде достапна на глобално ниво, туку само за најранливите групи и здравствените работници кои се во директен контакт со заразените. Тој рече дека вакцините ќе им бидат доставени до католичкиот Божик.

– Вакцината е подготвена, не е штетна и создава имунолошки одговор и може да се започне со вакцинација. Останува да видиме дали има ефект да нè заштити од тешкиот развој на болести и смрт – рече Рамадан.

Тој потенцираше дека првата вакцина нема да биде совршена, но важно е да се надмине оваа тешка состојба и да се ублажат последиците од болеста.