Над три милиони заразени во САД: Повеќе сојузни држави бележат рекорден број нови случаи

76

Бројот на заразени со коронавирус во САД надмина три милиони, се повеќе сојузни држави бележат рекорден број нови случаи, а Флорида се соочува со закана од недостиг на болнички кревети во единиците на интензивна нега, објави Ројтерс.

Калифорнија, Хаваи, Ајдахо, Мисури, Монтана, Оклахома и Тексас денеска забележаа рекорден број на новозаразени, со најголем скок во двете најголеми американски сојузни држави – Тексас и Калифорнија, со над 10.000 нови случаи во еден ден.

Само во Тексас бројот на хоспитализирани пациенти во две недели е двојно поголем.

Поради ширење на заразата се повеќе Американци се тестираат за ковид-19 во градските подрачја на Флорида, Луизијана и Тексас, каде се отворени дополнителни пуктови за тестирање.

На Флорида е особено сериозна состојбата со болнички кревети на интензивна нега откако повеќе од 40 болници во 25 од 67 окрузи информирале дека капацитетите им го достигнале максимумот.

Денеска во оваа држава на располагање биле дури 17 отсто од 6010 болнички кревети на интензивна нега за возрасни.

Бројот на заразени е во пораст во 42 држави, а со ковид-19 е погоден речиси секој стоти Американец. Од тешки белодробни заболувања предизвикани од вирусот во САД досега починале над 131.000 Американци, а само денеска има 923 смртни случаи.