Над еден милион луѓе се заразени со коронавирус во светот

56

Бројот на заразени со коронавирус во светот достигна еден милион и сега изнесува 1.000.168, покажуваат податоците на страницата „Ворлдометерс“.

Од пандемијата починаа над 50.000 луѓе, а половина од човештвото се наоѓа во изолација.

Само во последните 24 часа во Италија починаа 760 луѓе, во Шпанија 950, а во Велика Британија 569.

Холандија и Белгија исто така бележат смртност во еден ден, така што во Холандија во последните 24 часа починале 166 луѓе, а во Белгија 183.

Што се однесува до нашиот регион, во Србија во еден ден од коронавирус починале три лица, во Словенија двајца, а во Хрватска еден човек.