Москва е во карантин

503

Од денес Москва е во карантин, како што објави градоначалникот Сергеј Собјанин, а пренесуваат светските медиуми.

На сите жители на Москва во голема мера ќе им биде забрането да ги напуштат своите домови и за нивно движење низ градот ќе требаат посебни дозволи, се вели во соопштението на Собјанин.

Ќе се прават исклучоци за купување намирници, лекови, шетање на миленичиња на 100 метри од дома и фрлање ѓубре, се вели во соопштението.

Специјален систем за контрола ќе го следи движењето на луѓето, додава тој.

Во меѓувреме, руските власти во неделата потврдија 270 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на случаи е 1.534.

Во обид да го спречи ширењето на коронавирусот, Русија забрани влез на странски државјани, затворен е воздушниот и копнениот сообраќај.

Властите, исто така, размислуваат да забранат патувања низ целата земја.