Можно е продолжување на мерките во Германија до 15 февруари

125

Германската канцеларка Ангела Меркел сака да ги продолжи мерките за затворање поради епидемијата на коронавирусот до 15 февруари, објави германскиот весник „Билд“.

Весникот се повикува на нацрт-одлуката на Владата на Германија во извештајот.

Меркел денеска ќе се сретне со премиерите на покраините, а за време на состанокот ќе разговараат за можното продолжување на строгите мерки, во рамките на кои се затворени училиштата и повеќето продавници.

Се очекува Меркел да разговара за дополнителни мерки со премиерите.