Меркел по критиките почна да носи маска

63

Германската канцеларка, Ангела Меркел, почна да носи заштитна маска во јавноста, откако беше цел на критики поради тоа што не ја носеше, и покрај препораките на владата за сузбивање на коронавирусот.

Меркел се појави денес во горниот дом на германскиот парламент со црна маска, на која е логото на германското претседателство на Европската Унија.
Ја симна маската дури откако го зазеде местото во салата, на пропишано растојание од другите службени лица, пренесува АП.

Меркел беше фотографирана со слична маска вчера за време на средбата со гувернерот на германската сојузна држава Берлин.