Масовното тестирање во Вухан e во полн ек

46

Во пандемијата со коронавирус, тестирани се околу 32.000 лица во последните 24 часа. Медиумите пренесуваат дека досега биле тестирани вкупно 887.321 лица.

Вухан започна со масовно тестирање за вирусот на 14 мај, испитувајќи ги асимптоматските носители на инфекцијата, луѓе кои се заразени со вирусот ковид-19, но не ги покажуваат вообичаените симптоми на болеста. Како што се наведува, причина за масовното тестирање е зголемувањето на бројот на пациенти по укинувањето на карантинот.