Курц ја критикува ЕУ: Не добивме ниту еден добар предлог од Брисел

317

Австрискиот канцелар Себастијан Курц ја критикуваше Европската Унија за нејзиниот начин на борба против коронавирусот, со оценка дека немало ниту еден добар предлог од Брисел за решавање на проблемот.

– Ако имаше добар предлог од Брисел, ние ќе го прифативме веднаш. Наместо тоа, ЕУ ја критикуваше Австрија дека ги затвори своите граници. Предлозите, како што се „ве молиме, држете ги границите отворени“ не можат да се сметаат за сериозни во вакво време – рече Курц за австриската државна телевизија ОРФ.

Тој истакна дека е најважно да се заштити сопственото население.