Кралските деца ракоплескаа за британските здравствени работници

132

Како и во многу земји погодени од коронавирусот, луѓето во Велика Британија решија да им оддадат почит на оние кои беа на првата линија за време на пандемијата, па во точно предвиденото време тие ракоплескаа сакајќи со тој мал гест да им дадат дополнителна сила.

Кралското семејство не е исклучок. Од официјалниот профил на војводата и војвотката од Кембриџ, објавено е снимка на која ракоплескаат сите три деца на принцот Вилијам (38) и Кејт Мидлтон (38).

– За сите лекари, медицински сестри, старатели, фармацевти, волонтери и други здравствени работници кои неуморно работат за да им помогнат на оние кои се погодени од вирусот Ковид-19. Ви благодарам – стои во официјалното соопштение.

Принцот Џорџ (6), принцезата Шарлота (4) и принцот Луис (1) ракоплескаа, а кралицата Елизабета Втора (93) го поддржа движењето со фанфари од нејзиниот замок Виндзор, каде што е изолирана.