Коронавирусот стигна на Андаманските Острови во Индискиот Океан

71

Коронавирусот е потврден и кај членовите на домородна заедница која живее на Андаманските Острови во Индискиот Океан, јавува „Би-би-си“.

Како што е наведено, четворица членови на племето Велики Андамани се позитивни на коронавирусот. Двајца се примени во болницата, а двајца се во карантин.

Племето, за кое се верува дека има 53 члена, живее на еден од 37. населени острови на архипелагот.

Првиот случај на инфекција во таа домородна заедница е регистриран минатата недела и тестирани се сите 53 члена.