Коронавирусот се врати во Нов Зеланд

178

Коронавирусот се врати во Нов Зеланд, откако беше утврдено дека две жени кои допатувале од Лондон за да ги видат нивните родители кои биле на смртна постела, пренесува АП.

Затоа, започна тестирањето на сите лица кои биле во контакт со нив, вклучително и патници и членови на екипажот во авионот, вработените во хотелот и членовите на семејството. Жените се во карантин, поради што е погребот на нивните родители е одложен.

Во Нов Зеланд, коронавирусот однесе 22 животи, а од останатите 1.500 заразени, сите се опоравиле.