Коронавирусот повторно се разгорува во Австрија

95

Во Австрија во изминатите 24 часа е забележано драматично зголемување на бројот на новозаразени со коронавирус, кој повторно достигна трицифрен број, за првпат од средината на април.

Според Министерството за здравство, бројот на новозаразени лица се зголемил во однос на вчерашниот ден, за 107 случаи.

Најголем број на новозаразени е регистриран во провинцијата Горна Австрија со дури 61 случаи.

На второто место е Виена со 24, по што следуваат Штаерска со 9, Долна Австрија со 7, Тирол со 3, Салцбург со 2 и Бургенланд со 1.

Од почетокот на епидемијата на коронавирусот во Австрија позитивно се тестирале 17.778 лица, од кои 16.491 се излечиле.

Во моментов, хоспитализирани се 74 пациенти со ковид-19, од кои девет се на интензивна нега.

Од почетокот на епидемијата тестирани се вкупно 620.866 лица.