Коронавирусот зафати 204 земји во светот

58

Во светски рамки, бројот на заразени со коронавирусот надмина еден милион, поточно, според веб-страницата на „Ворлдометерс“, регистрирани се вкупно 1.015.877 заразени лица.

До денес, епидемијата зафати 204 земји и територии во светот, вкупно 53.221 починаа, а закрепнаа 212.993 лица.

Постојат 749.924 активни случаи, од кои 95% или 712.270 имаат умерена клиничка слика и 5 отсто или 37.654 се во сериозна состојба.

Најголем број заразени лица има во САД, 245.341, по што следуваат Италија со 11.534, Шпанија со 115.224, Германија со 84.794 и Кина со 81.620 заболени.

Најголем број на смртни случаи како резултат на коронавирусот има во Италија, речиси 14.000, потоа во Шпанија над 10.000 и во САД нешто над 6.000.