„Ковакс“ ќе испорача 1,8 милијарда вакцини за посиромашните земји

48

Системот за дистрибуција на вакцини „Ковакс“ планира да испорача 1,8 милијарда дози на посиромашните земји оваа година и очекува побогатите земји да ги исполнат своите обврски во таа насока во втората половина на годината.

Нашите предвидувања покажуваат дека треба да ги исполниме барањата за вакцина поставени од самофинансирачки членови на системот во втората половина на 2021 година, рекоа од Алијансата за вакцини ГАВИ во име на „Ковакс“.

„Ковакс“, кој е дизајниран да им овозможи на сите еднаков пристап до вакцините против ковид-19, а кој заеднички го водат Алијансата за вакцини ГАВИ, Светската здравствена организација и други, рече дека 1,8 милијарда дози ќе бидат доставени до 92 земји кои ги исполнуваат условите и дека тоа би одговарало на приближно 27 проценти од покриеноста на населението во тие земји.