Кинеска компанија доби 66 милиони долари за развој на вакцинa против ковид-19

38

Кинеската компанија „Кловер биофармација“ доби 66 милиони долари од Коалицијата за иновации во подготвеноста за епидемии (ЦЕПИ), која е составена и финансирана од влади и филантропски здруженија, за да го поттикне откривањето на вакцина против ковид-19.

Во април, ЦЕПИ и даде на кинеската компанија почетни 3,5 милиони американски долари, по најавеното партнерство меѓу двете страни.

ЦЕПИ е основана во Осло во 2017 година како одговор на нови епидемии. Организацијата е поддржана од 14 влади и разни фондации, како што се Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс или британската хуманитарна организација „Велком траст“.

ЦЕПИ, исто така, инвестираше големи суми пари и во други фармацевтски компании кои работат на вакцина против ковид-19.