Кина ја забрзува постапката за извоз на нејзините вакцини против ковид-19

62

Кина објави дека нејзината царинска служба треба да обезбеди приоритет при извозот на вакцини против ковид-19 и да го олесни нивното царинење.

Царината треба да ги постави како приоритетни инспекциските процедури за превозниците кои учествуваат во извозот на вакцини против ковид-19 и да го олеснат царинењето на тие пратки, соопшти кинеското Министерство за транспорт во упатствата за логистика на вакцините против ковид-19, пренесува „Ројтерс“.

Локалните транспортни власти во Кина, исто така, треба да воспостават зелени канали за да се направи приоритет на испорака на пратките со вакцини, се наведува во упатствата на Министерството.

Вакцината „коронаВак“ на кинеската компанија „Синовак“ се доставува до Индонезија, Турција и Бразил за масовна имунизација, додека некои земји, вклучувајќи ги Египет и Обединетите Арапски Емирати, ги добија потребните дози од кинеската национална фармацевтска група „Синофарм“, наведува „Ројтерс“.