Калифорнија ги враќа рестриктивните мерки

32

Најнаселената американска сојузна држава, Калифорнија, повторно воведе рестрикции поради зголемениот број случаи на коронавирус во САД и внатре во нејзините граници.

Гувернерот Гевин Њусам нареди затворање на рестораните, баровите, кафулињата, зоолошките градини, музеите, а во најпогодените окрузи затворени се и црквите, фитнес-салите и фризерските салони.

Њусам одлучи да ги врати рекстрикциите откако во државата, во која живеат 40 милиони жители, во последните две недели дошло до пораст на бројот на новозболени за 20 отсто, пренесува Би-би-си.

Строгите мерки во Калифорнија беа ублажени во мај, па повторно во јуни. Потврдени се повеќе од 300.000 случаи на коронавирус и повеќе од 7.000 починати.