Како светот ќе вакцинира седум милијарди луѓе?

201

Тимови ширум светот работат на изработка на вакцина, која ќе биде ефикасна против ковид-19.

Британскиот премиер Борис Џонсон ја нарече вакцината „најитниот заеднички подвиг на нашето време“.

Ако се тргне настрана напредната наука што ќе стои зад добитната формула, што станува со логистиката за давање вакцина на седум милијарди луѓе ширум светот?

Во Велика Британија на Научниот камп во поранешната кралска воздухопловна база на Оксфордшир, на големо се работи на овој проблем. Тука се наоѓа британскиот Центар за произведување и иновации на вакцини.

– Успеавме да го преполовиме рокот. Се надевавме дека вакцината ќе биде готова до крајот на 2022 година, меѓутоа изгледа дека ќе биде готова во 2021 година – објаснува Метју Дукарс, генерален директор на Центарот за произведување и иновации на вакцини.

Тестирањето на оксвордските вакцини се прави интензивно

Како печење колач

Тимот е во постојан контакт и со другите институции, со цел полесно заеднички да дојдат до решение.

– Од голема важност е, не само во земјава, туку и глобално, овие вакцини да се произведуваат брзо и ефикасно. Тоа е како кога печете колач дома. Можете да минете часово во припремањето, ама потоа морате да направите уште 70 милиони колачи и сите мораат да бидат совршени, а тоа е тешка задача – вели Дукарс.

За човештвото ќе мора да се изработат неколку милијарди дози вакцини против ковид-19. Тие ќе мора да бидат произведени и поделени ширум светот.

Меѓународниот сојуз за вакцини „Гави“ ги повикува земјите уште сега да почнат да размислуваат за дистрибуција на вакцините.

Сет Берклин генерален директор на „Гави“, вели дека една од најголемите препреки со кои се соочуваат е „вакцинскиот национализам“.

– Сакаме сите земји да размислуваат за ова во глобална смисла, затоа што така е правилно. Доколку во соседните земји вирусот циркулира на широки врати, не можете да вршите трговија, ниту да имате патувања. Не сме безбедни додека сите не се безбедни – вели тој и додава дека тука е и проблемот со стаклени мали шишиња, кои ги немаат во доволен број.

Покрај стаклените шишенца, проблем ќе бидат и фрижидерите, зашто идната вакцина мора да се чува на ниска температура.

– Не се работи само за фрижидери за вакцини, туку и за процесот на транспорт во авионите, возилата што ги превезуваат, а потоа и за луѓето што ги разнесуваат до локалните амбуланти. Се мора да биде беспрекорно – вели професор Тоби Питерс, ескперт за логистика на Универзитетот во Бирминген.

Питерс веќе разговарал со глобални компании за производство на храна и пијалоци со дел да им излезат во пресрет и да помогнат во ваквиот гигантски проект.

Кој ќе се вакцинира прв?

Доктор Чарли Велер, шеф за вакцинација при британскиот „Велкам траст“, вели дека земјите ќе мора да си постават отворени прашања: Кому му е потребна оваа вакцина? Кои групи се најризични? Кој има приоритет?

– Сигурни сме дека првобитните залихи од вакцините брзо ќе се потрошат, така што ќе мора да се донесат тешки одлуки – вели тој.

Доктор Велер вели дека квалитетниот здравствен систем, заедно со медицинските работници, ќе бидат клучни за целиот процес на имунизација.