И Амазонската дождовна шума погодена од коронавирусот

138

И Амазонската дождовна шума, значајна за балансирање на климата во светот и борбата против климатските промени, страда од пандемија на коронавирус која го забрза уништувањето на шумите, пишува Би-би-си.

Во првите четири месеци од 2020 година, уништувањето на шумите во Амазон се зголеми за 55 проценти во однос на минатата година, бидејќи криза околу пандемијата се користи за нелегално уништување на шумите.