Италија се закани со правни мерки против „Фајзер“ и „Астра зенека“

98

Италија ќе преземе законски мерки против компаниите „Фајзер“ и „АстраЗенека“ поради доцнење во испораката на вакцините, предупреди министерот за надворешни работи, Луиџи ди Мајо.

Тој вели дека Италија ќе преземе вакви чекори со намера да ја забрза испораката што, според него, е подобро отколку земјата да бара отштета.

„Правиме сè за да не мора да го менуваме планот за вакцинација. Ги активиравме сите канали за Европската комисија да може да стори сé за да ги принуди овие господа да ги почитуваат нивните договорни обврски“, изјави Ди Мајо за РАИ.

Тој оцени дека доцнењето во испораката на вакцините од страна на „Фајзер“ и „Астра зенека“ претставува сериозно кршење на договорите.